Џејсон Мамоа ја избричи брадата

На огромно изненадување на обожавател(к)ите, глумецот Џејсон Мамоа ја избричи својата седум години стара брада и доби нов изглед, што секако, предизвика различни реакции.

 

Актерот, кој според многумина е најубавиот маж на денешнината, фановите тешко можат да го замислат без брада. Таа беше негов заштитен знак и можеби главна причина за култноста на неговите улоги, како што се Кал Дрого во „Игра на престолите" или Артур во „Аквамен".

 

Тој објави и видео по повод збогувањето со сите тие свои ликови.

 

Според коментарите на интернет, луѓето ги прифаќаат промените кај актерот, но има и такви на кои ќе им недостасува стариот препознатлив Мамоа.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.