Аријана Гранде погодена со лимон на Коачела фестивалот

Пејачката Аријана Гранде беше погодена со лимон за време на својот настап на фестивалот Коачела во американсата сојузна држава Калифорнија, а на интернет се појави и видео од настанот.

 

На снимката се гледа како, додека пејачката се движи на сцената, некој го фрла лимонот кон нејзините гради, но таа продолжува со настапот.

Гласините говорат дека „напаѓачот“ е обожавател на Бијонсе и на нејзиниот албум од 2016 – „Lemonade“ (Лимонада).

Наводно, како што пишува „Дејли мејл“, фановите на Бијонсе биле револтирани од двојно повисокиот хонорар што организаторите ѝ го исплатиле на Аријана.

 

Некои пак, сметаат дека се работи за обожавател на поранешното момче на Аријанам Џастин Бибер, кој исто така имаше свој настап и кус говор на фестивалот.

Поп-пејачката е во добра здравствена состојба и го најави својот нареден албум. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.