Џорџ Клуни ќе продава италијанско сирење во САД

Џорџ Клуни сака да го продадава омиленото италијанско сирење во Соединетите држави, објави Контакт мјузик. Актерот го открил додека бил на одмор на бреговите на езерото Комо.

 

Ѕвездата откри дека станал голем љубител на одредено сирење што се произведува на фарма во градот Лало.

 

„На Џорџ навистина му се допаѓа ова сирење и го јаде на крајот на скоро секој оброк“, рече извор цитиран во весникот „Дејли Стар“. „Неговата сопруга Амал го тера веднаш да ги мие забите зашто не и се допаѓа вкусот на сирењето. Сепак, неговиот вкус е толку добар што таа исто така смета дека Џорџ ќе најде голем пазар за производот“.

 

58-годишниот актер веќе испрати 32 килограми солено овчо сирење во Лос Анџелес, каде што ќе им го понуди на пријателите и потенцијалните купувачи.

 

Покрај актерството, Клуни е заинтересиран и за претприемничка активност. Пред неколку години, тој и Ренди Гербер и Мајк Мелдман основаа компанија за текила што ја продадоа во 2017 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.