Селена Гомез постојано плаче и се плаши за својата земја

Во есејот што го напиша за „Тајм“, 27-годишната Селена Гомез ги откри својата приватна борба и приказната за членовите на нејзиното семејство кои дошле во Америка без потребните документи, како и дека фактот што има мексикански гени ја инспирирал во нејзината нова улога - улогата на извршен продуцент на новиот документарен филм на „Нетфликс“  - Living Undocumented.

 

https://www.instagram.com/p/B2g-JBaDBiv/?utm_source=ig_embed

„Да се ​​живее без хартија е нешто за кое размислувам секој ден и никогаш не заборавам колку сум благословена што сум родена во оваа земја благодарение на моето семејство и на ѕвездите што така се наместиле“, напиша Селена Гомез во есејот објаснувајќи како тетка ѝ била прва во семејството што ја преминала границата на Мексико и Америка во 70-тите години возејќи се во задниот дел на камионот.

„Моите баба и дедо тргнаа по нејзините стапки, а татко ми се роди во Тексас набргу после тоа“. Пејачката и актерка додаде дека благодарение на храброста и одрекувањето на семејството, таа се родила како американски државјанин.

Селена Гомез е свесна дека нејзината приказна не е невообичаена, но снимките што ќе бидат објавени во Living Undocumented ја расплакале.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=WSGBP-Z4UXI

„Кога читам наслови, слушам што се зборува за имиграцијата, ги следам на социјалните мрежи, се плашам за сите оние што се наоѓаат во слична ситуација. Се плашам за мојата земја“, рече Селена Гомез.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.