Елтон Џон открива дека лекарите му прогнозирале дека ќе живее уште 24 часа

На британскиот музичар Елтон Џон (72), пред две години му бил дијагностициран рак на простата.

 

Тој се одлучил за операција бидејќи немал време да оди на зрачење и да прима хемотерапија затоа што се наоѓал на светска турнеја.

 

Во својата биографија „Јас“, тој признава дека операцијата што ја имал во Лос Анџелес била успешна, но десет дена подоцна забележал дека нешто не е во ред.

 

„Лекарите му рекоа на мојот сопруг Дејвид дека ќе живеам уште  24 часа. Поминав 11 дена во болница пред да бидам испратен на домашна нега, што траеше неколку недели“, напиша тој во книгата. Елтон објасни дека имал неверојатна среќа, иако признава дека не се чувствувал така во тој момент.

https://www.instagram.com/p/B3SJ3J2j3vu/?utm_source=ig_embed

 

Компликациите по операцијата го натерале да ја одложи музичката турнеја за да може да поминува повеќе време со сопругот Дејвид Фурниш (56) и нивните синови, Захари (8) и Елија (3).

 

„На чуден начин, чувствував дека токму тој период на закрепнување во болницата е одговор на моите молитви. Ако сакате повеќе време, мора да научите да живеете на тој начин, мора да забавите. Тоа е како некој да ми ја покажа другата страна на животот, животот што го сакам повеќе од одење на турнеи и излегување на сцена“, напиша тој во своите мемоари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.