Кои се омилените десерти на британското кралско семејство?

Омилениот десерт на кралицата е чипс колаче со чоколадо, направено на посебен начин. Елизабета Втора го обожава овој десерт, а тоа е едно од ретките искушенија што понекогаш ja предизвикува да ја наруши здравата исхрана.

 

Принцот Чарлс не е голем љубител на слатки. Неговото омилено хоби е градинарството, а омилен десерт се плодовите собрани во неговиот овоштарник.

 

Принцот Вилијам, како и кралицата, го сака чоколадното чипс колаче, принцезата Дајана го подготвувала за него и Хари кога биле мали. Покрај тоа, Вилијам сака да јаде карамел пудинг и карамела торта од банана.

 

Омилениот десерт на Кејт Мидлтон е вистинска калорична бомба. Тоа е карамел пудинг. Ова е типичен англиски десерт со смокви, меласа и карамела.

 

Слаткото искушение на Хари е карамелизирана торта од банана. Ова е десертот што принцот го сака уште од детството. На Хари му се допаѓаат и сите десерти што имаат вкус на банана. Како дете, тој редовно јадел пита од овошје од банана и сладолед од банана.

 

Омилениот десерт на Меган Маркел е малку изненадување, а откако стана дел од кралското семејство, таа ретко можеше да се повлече од тоа. Станува збор за вино. Меган повеќе пати признала дека обожава вино и, без размислување, би го зменила својот чоколаден десерт за чаша прекрасно црвено вино. Нејзиниот омилен избор е Тиганело, кој е направен во Тоскана и е мешавина од Sangiovese & Cabernet Sauvignon & Cabernet Fran.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.