Кијану Ривс излезе во јавноста со девојка прв пат по неколку децении

Кијану Ривс немал сериозна врска со децении, и никогаш не бил придружуван од девојка или жена додека чекорел на црвениот тепих за време на својата 35-годишна кариера.

 

Но, ова се смени минатиот викенд кога Ривс се држеше за рака со деловната соработничка Александра Грант на гала конференција LACMA Art + Film која што ја претстави Гучи во Лос Анџелес.

 

Актерот (55) и девојката уметник (46) не ги пуштија рацете и разменуваа љубовни погледи додека им позираа на фотографите и репортерите, докажувајќи дека немаат што да кријат.

 

Во текот на целиот настан во саботата, Кијану изгледаше горд што е со жената што го освои неговото срце.

 

Звездата блескаше и ја држеше раката на својата придружничка додека одеа покрај фотографите и печатот, влегувајќи во музејот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.