Мјузиклот за Тина Тарнер од денес на Бродвеј

По уводните претстави на 12 октомври, мјузиклот за Тина Тарнер официјално се отвора во театарот Лант-Фонтана на 7 ноември.

 

Актерката Адриен Ворен ја глуми суперѕвездата и рок-легенда Тарнер од скромните почетоци во Натбуш, Тенеси, до нејзината трансформација во глобална кралица на рокенролот.

 

Мјузиклот вклучува и неколку нејзини хитови River Deep Mountain High, Proud Mary, Private dancer и (Simply) the Best.

 

Претставата е во режија на Филидe Лојд, текстот го напишаа Катори Хол, Франк Кетелар и Кјес Принс, а кореографијата на музичките сцени е во рацете на Ентони ван Лааст.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.