Почина дизајнерот Патрик Луис Витон (ФОТО)

Модниот дизајнер Патрик Луис Витон, правнукот на основачот на модната куќа Луис Витон, почина во Франција на 68-годишна возраст.

 

Причините за смртта на дизајнерот не се познати. Модната куќа соопшти дека Патрик Луис ја продолжил семејната традиција кога се придружил на Луис Витон во 1973 година.

 

Модната куќа Луис Витон е основана од Луис Витон во 1854 година во Франција. Специјализирана е за производство на куфери и торби, модна облека, парфеми и луксузни додатоци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.