Курт Расел, снимен со бела брада и коса, се подготвува за улогата на Дедо Мраз

Курт Расел (68) се прошета низ сончевиот Брентвуд со партнерката Голди Хаун (73) и синот Вајат (33), но речиси никој не го препозна поради густата бела брада и косата.

 

Всушност, актерот се подготовка за новата улога на Дедо Мраз, која Курт очигледно реши да ја одигра што е можно поверно.

 

Станува збор за продолжение на филмот „Божикна хроника“. Интересно е што во првото продолжение Баба Мразица ја играше неговата животна партнерка Голди Хоун, но не е познато дали улогата уште еднаш ѝ припадна нејзе.

 

Неговото срце е сè уште нејзино, а тие се заедно уште од 1983 година. Заедно го имаат синот Вајат, кој е роден во 1986 година. Голди од пропаднатиот брак со Бил Хадсон ја има ќерката Кејт Хадсон, која смета дека нејзин татко е Курт.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.