
Британскиот принц Ендру се повлекува од јавноста
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 21 Ноември 2019

Британскиот принц Ендру објави дека се повлекува од јавниот живот, пренесува „Ројтерс“.
Тој навел дека контроверзиите за неговиот непромислен однос со американскиот финансиер Џефри Епштајн, кој е осуден за педофилија, му нанеле голема штета на кралското семејство.
Ендру истакнал дека се откажува од сите свои јавни должности во иднина. Принцот побарал и дозвола од неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, да се повлече.
Обидите на британскиот принц да ги разјасни пријателските односи со Епштајн во интервју за Би-би-си пред неколку дена предизвикаа многу негативни реакции. Тој првпат во интервју одговараше на прашања во врска со осудениот педофил, во кое призна дека било грешка тоа што престојувал во неговата куќа.
Принцот категорично негира дека имал сексуални односи со Американката Вирџинија Робертс, која го обвини дека сексуално ја злоупотребувал кога била малолетна.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
