Бред Пит ја запозна својата девојка со родителите

Холивудскиот заводник Бред Пит беше виден пред неколку дена на изложба во уметничка галерија во придружба на колешката Алија Шокат (30).

 

Секако, веднаш потоа почнаа озборувањата за нивната љубовна врска.

 

https://www.instagram.com/p/B5GBwCXjD7U/?utm_source=ig_embed

 

По овие тврдења, беше објаснето дека двајцата се само пријатели, но списанието Woman's Day пишува дека згодниот актер ја запознал пријателката со своите родители.

 

„Родителите на Бред се многу конзервативни луѓе, така што тој многу ризикуваше со овој потег. Поточно, тој во нивната куќа донесе девојка за која не знаеја ништо, но многу им се допадна. Алија е фина, смирена, цврсто стои на земјата и воопшто не е импресионирана од славата на Бред. Токму таква жена му е потребна по катастрофалниот брачен бродолом“, изјави извор за „Стори.хр“.

 

https://www.instagram.com/p/B49Ay1Bg6Ga/?utm_source=ig_embed

 

Бред и Алија беа видени заедно на изложба во галеријата „Вилинг Кран“ во Лос Анџелес, а тоа беше објавено на „Инстаграм“ со фотографии од него и оваа убава девојка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.