Мадона ги откажа концертите поради здравствени проблеми

„Ве молам простете ми поради ваквиот тек на настаните. Настапувањето секоја вечер ми носи голема радост.

 

 Откажувањето е казна за мене, но болката што ја чувствувам сега е огромна и треба да се одморам и да ги следам упатствата на лекарот за да се вратам посилна и подобра и да го продолжам патувањето на Мадам Х со сите вас - напиша пејачката Мадона (61) на „Инстаграм“, порачувајќи им на обожавателите дека мора да ги откаже настапите.

https://www.instagram.com/p/B5Yd67nBMu0/?utm_source=ig_embed

 

Пејачката откажа неколку настапи како дел од нејзината турнеја „Мадам Х“ поради здравствени проблеми, а фановите ја изразија својата желба за брзо закрепнување во коментарите. Тие се загрижени за нејзиното здравје.

 

Продолжението на турнејата на Мадона се очекува на 7 декември кога турнејата ќе продолжи во Филаделфија. Откажаните настапи нема да добијат нови датуми, но на обожавателите автоматски ќе им бидат вратени парите од дистрибутерите на билети.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.