Џенифер Гарнер и Бен Афлек купуваат новогодишната елка заедно со децата (ФОТО)

Тие беа видени во напната сцена во јавност минатиот петок. Но, на 14-тиот роденден на нивната ќерка Вајолет, Бен Афлек и Џенифер Гарнер, вчера се вратија во соживот и повторно беа семејство.

 

Поранешниот брачен пар со трите деца заедно купуваа новогодишна елка во Лос Анџелес.

 

Но и покрај убавата прошетка, и Бен и Џенифер изгледаа мрачно додека шетаа заедно со своите деца, и мајката на Бен, Кристин Ен Болдт.

 

Покрај славеницата Вајолет, заедно со поранешната двојка беа видени и 10-годишната Серафина и седумгодишниот Семуел.

 

Минатиот петок, на Денот на благодарноста кој што го поминаа заедно,  поранешните сопружници имаа жестока расправија пред домот на Џенифер. Потоа папараците ја забележаа кога го возеше својот поранешен сопруг во неговиот Ренџ Ровер до хотел во близина на Санта Барбара.

 

Џенифер и Бен се венчаа во 2005 година, се разделија во 2015 година, а разводот траеше толку долго што имаше гласини дека повторно ќе бидат заедно.

 

Бен, кој е зависник на алкохол, беше на рехабилитација повеќе пати, последен пат во втората половина на минатата година, наводно, на инсистирање на Џенифер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.