„Мирор“: Бред и Џенифер се во врска, одамна не биле толку среќни

Холивудскaта златна двојка Бред Пит (56) и Џенифер Анистон (50) повторно се во врска, пренесува „Мирор“. Нивните најблиски пријатели изјавиле за медиумите дека поранешните сопружници се обидуваат да ја обноват старата врска.

 

Тие велат дека двојката била најмалку пет пати на состанок пред да се сретнат на црвениот килим и да предизвикаат експлозија коментари. Тие дури заедно ги поминале божикните празници во вилата на Џенифер.

 

„Мислам дека никогаш не престана да го сака, иако ѝ го скрши срцето кога замина со Анџелина Џоли. Ѝ требаше многу време, но таа му прости за сè. Тоа е главниот чекор ако сакате да продолжите понатаму “, рекла пријателка на актерката.

 

Ниту пријателите на Бред не се воздржувале да зборуваат на таа тема.

 

„Зборува само за Џенифер. Тие ја обновија својата романса и јас одамна не сум ги видел толку среќни“, изјавил колега на Бред чиј идентитет странските медиуми не сакале да го откријат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.