Кијану Ривс ги освои срцата на фановите со изборот на партнерка на оскаровската вечер

Сите погледи беа вперени кон Кијану Ривс и жената до него на оскаровската вечер во Холивуд мината недела, а светските таблоиди не престануваат да пишуваат за неговиот избор на дама која што го придружуваше на свечената церемонија.

Иако во јавноста се зборува за неговата врска со Александра Грант, ѕвездата на “Матрикс“ реши на Оскарите да се појави со мајка си.

55-годишниот холивудски актер ја донесе својата мајка, 76-годишната модна дизајнерка Патриша Тејлор.

И повторно ги освои срцата на неговите фанови кои беа воодушевени од неговиот избор за партнерка вечерта.

„Кијану докажува уште еднаш дека е еден од најдобрите, најпромислени луѓе во Холивуд, а веројатно и во светот,“ коментираат таблоидите и фановите и додаваат дека актерот се однесувал како совршен син и очигледно многу ја сака својата мајка.

А што се однесува до стајлингот, тие се надополнуваа еден со друг - мајката, облечена во елегантен бел костим, а синот, во беспрекорен црн костум.

Додека ги фотографираа на црвениот тепих, на почетокот многу од присутните мислеа дека таа е неговата девојка Александра Грант.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.