Драстични мерки против КОВИД-19: Кралицата Елизабета ја напушта Бакингамската палата

93-годишната Елизабета Втора ја напушти Бакингамската палата и замина во замокот Виндзор. Таа и 98-годишниот принц Филип планираат да се изолираат ако ситуацијата стане посложена.

 

Веста доаѓа по бројот на починати во Велика Британија, речиси двојно зголемени за еден ден. Уште 10 лица починаа, при што бројот на жртвите на пандемијата на Островот достигна 21.

 

„Таа е во добра здравствена состојба, но беше најдобро да се премести. Голем дел од нејзиниот персонал е во паника во врска со коронавирусот“, изјавил извор од палатата.

 

„Кралицата се среќавала со многу луѓе до неодамна. За само неколку недели, таа ќе наполни 94 години и нејзините советници мислат дека е најдобро да не навлегува во проблеми“, додал изворот.

 

Претстојните посети на нејзиното Височество во Чешир и Камден беа одложени поради пандемијата. Покрај тоа, Елизабета Втора била советувана да ги откаже своите годишни забави во градината во мај и јуни за да го намали ширењето на коронавирусот.

 

Светот се соочува со вирусот COVID-19. Само заедно можеме да се справиме. Борбата против вирусот е одговорност на секој од нас. Бидете дисциплинирани и следете ги препораките на експертите. Грижете се за себе, вашите најблиски и оние околу вас.

Останете дома - спасете го човечкиот живот!

МТМ Телевизија - ПРВА СКОПСКА

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.