Џенифер Гарнер на прошетка со децата, пауза од карантинот за Ковид-19

Добитничката на „Златен глобус“ Џенифер Гарнер во вторникот се одмори од карантинот за Ковид-19 и отиде на сончева прошетка со својот осумгодишен син Семјуел во близина на населбата во која живее во Лос Анџелес.

Подоцна, на 47-годишната актерка и на Семјуел им се придружи и 11-годишната ќерка Серафина, облечена во омбре џемпер и тесни сини фармерки.

На семејната прошетка не беше присутна Вајолет, најстарата, 14-годишна ќерка на Џенифер, од нејзиниот втор брак со актерот Бен Афлек, кој формално заврши во октомври 2018 година.

„Мислам дека имам совршени деца на возраст за оваа глобална пандемиска криза. Бидејќи тие се доволно големи за да сфатат и да разговараат за тоа дека ние сме изградени за предизвик, ние можеме да го прифатиме предизвикот, ние сме супер екипа,“  изјави Гарнер неодамна во ТВ-емисијата The Tonight Show At Home Edition





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.