Мајли Сајрус: Коронавирусот има позитивно влијание врз животната средина

Американската пејачка, текстописец, актерка и филантроп, Мајли Сајрус, смета дека пандемијата на коронавирусот има позитивно влијание врз животната средина.

27-годишната поп-рок ѕвезда, позната еко-активистка, вели дека респираторното заболување присили милиони луѓе да се самоизолираат во нивните домови, што претставува мало олеснување за планетата кога станува збор за климатските промени, бидејќи во моментов има помалку автомобили на улиците и на патиштата а и помалку фабрики „што повраќаат врз убавината на мајката природа секој ден“.

„Знам дека некои од нас сега гледаат вирални видеа на посино небо, делфини во води во кои досега не сме ги виделе. Ова време кога повеќето од нас се во своите домови ѝ донесе малку одмор и олеснување на Мајката природа.  На патиштата нема толку многу автомобили, луѓето не работат секој ден, и така не повраќаме кон убавината на Мајката природа,“ британските таблоиди ја цитираат Мајли.

„И почнуваме да сфаќаме како би изгледало ако всушност би започнале да го третираме светот поодговорно. Ова е мал здив на свеж воздух и еден вид визија за да можеме да сфатиме што би се случило ако ние вистински се фокусираме на климатските промени.“

Мајли е страсен борец за зачувување на природната и животната средина, и вели дека нејзиниот еко-активизам започнал кога го изгубила својот дом во разорните пожари што ја зафатија Калифорнија кон крајот на 2018 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.