Криси Тејген се чувствува како вистинска домаќинка во карантин, а сопругот Џон Леџенд сака да биде позафатен

Елен Деџенерис во понеделникот се врати со нови епизоди што ги снима од нејзиниот дом во Лос Анџелес, а во најновата, супермоделот Криси Тејген и нејзиниот сопруг, пејачот Џон Леџенд, говорат за домашниот карантин.

Криси (34) и нејзиниот 41-годишен сопруг беа првите гости на Елен кога се врати во програма со нови епизоди, а Тејген се пошегува дека карантинот ја натерал „да се чувствува како вистинска домаќинка“, веројатно алудирајќи на ТВ-серијата Вистински домаќинки од Њујорк“.

Додека Криси наоѓа начини да се забавува и во домашна изолација, нејзиниот сопруг посакува да биде позафатен, додавајќи дека тој организира многу состаноци преку апликацијата за видеоразговор „Зум“ (Zoom Social - апликација на Гугл плеј).

Убавицата започна со образложение дека ова е „најнереалната ситуација досега“, но додаде дека целото семејство се држи добро.

Криси открива дека нејзиниот сопруг сака да биде зафатен и дека е постојано на „Зум’.

Таа се пошегува: „Сега се чувствувам како вистинска домаќинка затоа што поминав три часа на шминкање“, алудирајќи на популарната ТВ-франшиза „Вистинските домаќинки од Њујорк’.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.