Петра Еклстоун по четврти пат стана мајка

Петра Еклстоун (31), ќерка на милијардерот Берни Еклстоун (89) роди девојче. Среќната вест ја откри нејзиниот свршеник Сем Палмер, всушност нивната принова пристигнала пред неколку недели, но тоа го криеле.

„Добив бројни пораки во кои ме прашувавте кога ќе се роди бебето. Добивме прекрасно девојче пред неколку недели. Ви благодарам на сите за убавите желби. Мајката и мојата ќерка се добри“, напиша Сем на социјалните мрежи.

Сем објави фотографија со Петра, на која се гледа дека таа веќе нема трудничко стомаче, па затоа доби многу пораки за бебето. Двојката не откри како ќе ја наречат својата ќерка.

Ова е нивно прво заедничко дете, Петра од бракот со Џејмс Стунт (38), ги има синовите Џејмс и Ендрју, и ќерката Лавинија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.