Шери Озборн му порача на Канје Вест да не се фали за финансискиот успех на сопругата среде пандемија

ТВ-sвездата Шерон Озборн го искритикува раперот Канје Вест затоа што на социјалните мрежи се фали за статусот милијардерка на сопругата Ким Кардашијан Вест среде пандемија на коронавирус, опишувајќи го неговиот став како „груб“.

Прашана за коментарите на Канје, Шерон изјави за The Talk: „Не е вистинско време да го покажете вашето богатство, но некои луѓе го прават токму тоа.

„Никогаш не ме интересирало богатството, без разлика дали има пандемија или не. Не верувам во такви приказни и не сакам кога кога луѓето самите се фалат со нивниот финансиски успех.

„Имаше време во Холивуд кога луѓето не зборуваа за тоа. Ова е едноставно грубо“.

Канје неодамна на Твитер објави дека е горд на новиот статус на својата сопруга, откако имотот ѝ беше проценет над една милијарда американски долари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.