Харисон Форд денес го слави својот 78. роденден

Харисон Форд навистина го заработи своето место како холивудска икона. Не само што ќе остане запаметен по многуте легендарни филмови и блокбастер-серијали туку и како палаво и непослушно момче во реалниот живот, коментираат таблоидите. И се чини дека има смисла што таквиот став го донесе до 78. роденден, а изгледа фантастично како и секогаш!

Напуштање на факултетот, столар, татко, пилот на хеликоптер, преживеана авионска несреќа (2015), наградуван актер. Има ли нешто што Харисон Форд не сторил?

Како актер, писател, режисер и продуцент, неговите филмови заработиле повеќе од 9 милијарди долари во светски рамки.

Без разлика дали го глуми мудриот професор авантурист Инди во епскиот серијал „Индијана Џонс“ или саркастичниот шверцер со златно срце Хан Соло во серијалот „Војна на ѕвездите“, Харисон остави свој белег на некои од најголемите хитови на Холивуд, покрај другите ангажмани во филмови како „Блејд ранер“, „Бегалец“, „Повик на дивината“.

Светските медиуми издвоија 10 филма и иконски улоги на Харисон: „Војна на ѕвездите“ (1977), „Империјата го возвраќа ударот“ (1980), „Индијана Џонс: Крадците на изгубената арка“ (1981), „Блејд ранер“ (1982), „Сведок“ (1985), „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“ (1989), „Патриотски игри“ (1992), „Бегалецот“ (1993), „Претседателски авион“ (1997), „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ (2015).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.