Почина иконата на француската шансона - Жилиет Греко на 93 години

Иконата на француската шансона, Жилиет Греко почина на 93 години, а нејзината кариера траеше осум децении.

„Жилиет Греко почина опкружена со своите сакани и во својот дом во Раматие. Имаше исклучителен живот“, наведоа роднините.

Родена е во 1927 година. Греко беше затворена од нацистите за време на Втората светска војна, но потоа започна да настапува во подрумски клубови и кафулиња. Облечена во црно, таа стана муза на филозофите и писателите, вклучително Жан Пол Сартр и Алберт Ками. Настапувала до 89 години на проштална турнеја.

Кон средината на 40. години од минатиот век, романописецот Роман Кено и филозофот Жан Пол Сартр ги напишаа песните што и го донесоа првиот голем успех на Греко во нејзината блескава кариера. Пееше песни на Жак Превер, на Бертолд Брехт, на Борис Вијан, на Франсоа Саган и на Серж Гензбур.

По настапите во легендарните париски кабареа, замина за Њујорк каде стекна светска слава. По врската со џез трубачот Мајлс Дејвис, таа имала три брака. Во 2015 година одржа проштална турнеја што ја нарече „Мерси“ и која траеше 12 месеци.

Имаше и две улоги на филмското платно – во филмовите „Орфеј“ во 1950 година и осум години подоцна во „Добар ден таго“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.