Ким Кардашјан го повика Азербејџан да престане со нападот врз Ерменија

Американската реална sвезда Ким Кардашјан, чие семејство по потекло е од Ерменија, проговори за конфликтот во Нагорно-Карабах и го повика Азербејџан да престане со офанзивната употреба на сила против ерменскиот народ.

Во серија твитови Ким Кардашјан го повика и Вашингтон да ја запре воената помош за Баку.

Сопругата на раперот Канје Вест исто така имаше порака за Турција, на која ѝ порача да престане да испраќа оружје и борци во зоната на конфликтот како поддршка на азербејџанската страна.

Ким Кардашјан исто така ја повика меѓународната заедница да преземе политички и дипломатски мерки за да спречи непотребна ескалација и трагедија, пренесува „Спутник“.

„Ерменија е жртва на неиспровоцирани напади од Азербејџан“, рече Ким Кардашјан додавајќи дека нападите се придружени со предвидлива кампања за дезинформација.

„Азербејџан, освен во случај на воена пропаганда, ги блокира социјалните мрежи“, тврди Ким Кардашјан.

Во неделата ескалираа судирите во Нагорно-Карабах, а двете страни меѓусебно се обвинуваа за почнување борбени дејства.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.