Ума Турман се вљуби во текот на самоизолација

Таа го поминува периодот на светската здравствена криза во Хемптонс.

И се чини дека Ума Турман ја пронајде љубовта за време на самоизилацијата.

Според „Пејџ сикс“, актерката (50) започнала врска со архитектот Питер Сабет, чијашто фирма е со седиште во Бриџхемптон.

Ѕвездата на блокбастерот „Убиј го Бил“ (Kill Bill), како што наведува порталот, се запознала со Сабет на плажа во Сег Харбор.

„Питер не знаеше дека е Ума кога за првпат ѝ се обрати. Таа шеташе на плажа ... и ја замоли да го гледа неговото куче додека плива,“ тврди извор за порталот.

„Ума рече океј, го пазеше неговото куче додека тој плива, а сега, неколку месеци подоцна, тие се лудо вљубени и бараат да купат куќа заедно во Хемптонс“, додаде изворот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.