(Видео) Џорџ Клуни снимал сцени од филм во арктичка снежна бура
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 01 Декември 2020
Очните капаци на Џорџ Клуни се залепиле среде енормно ниски температури додека ја снимал научнофантастичната драма „Небото на полноќ“.
59-годишната sвезда глуми научник кој се обидува да предупреди неколку астронаути да не се враќаат на Земјата, која во филмот е прикажана како ненаселива планета. Една сцена, во којашто е одделен од својата мала ќерка, се снимала во вистинска арктичка снежна бура.
Актерот, кој исто така и го режира филмот, призна дека исцрпувачките услови го отежнувале снимањето и дека тоа се одвивало бавно бидејќи од помошниот тим постојано морале да го прекинуваат снимањето за да му го одмрзнат лицето.
„Тоа беше првата недела од снимањето. Бевме во Исланд, и кога излеговме надвор температурата беше 40 ° под нулата со налети на ветер од 70, 80 милји на час. Јас снимав без очила, моите очни капаци се залепија и не можев да ги отворам очите нешто повеќе од една минута. Мораа да употребат фен за коса за да ми ги одмрзнат трепките.
Холивудската ѕвезда во последно време не презема актерски улоги, но не можел да одолее кога првпат го видел сценариото за „Небото на полноќ“ (The Midnight Sky).
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс