Внуката на Џон Вејн, Џенифер, и Остин Муди го врзаа јазолот на интимна церемонија на плажа

Џенифер Вејн ја објави својата свршувачка со Остин Муди минатиот месец, а беа во врска само шест месеци.

Внуката на херојот на американските вестерн филмови Џон Вејн веќе стигна до олтарот, следејќи го виорот на романсата.

Џенифер и Остин се венчаа во саботата на интимна церемонија со вестерн-тема, а настанот се случи на плажата Санта Роса, Флорида, помалку од две недели откако објавија свршувачка.

38-годишната Џенифер ја избрала локацијата затоа што и двајцата ја сакаат областа и сакале да се венчаат покрај вода.

Муди (29) претходно за магазинот „Пипл“ изјави: „Џенифер порасна на плажа и има нешто толку смирувачко и исцелително во океанот. Бродот ќе исплови по венчавката“.

Тој најави дека свадбата ќе има вестерн-мотиви. „Тоа ќе биде свадба со каубојска тематика. Сите ќе носат каубојски чизми и шешири“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.