Саша Барон Коен: Блокадата за Трамп на Твитер и Фејсбук е најважен момент во историјата на социјалните мрежи

Саша Барон Коен се огласи на Твитер во петокот за да ја поздрави одлуката на Твитер трајно да го суспендира профилот на американскиот претседател Доналд Трамп поради ризикот од насилство по последните пораки што тој ги објавил.

Комичарот ја поздрави и одлуката на Фејсбук да го блокира Трамп на неодредено време.

„Ова е најважниот момент во историјата на социјалните мрежи“, напиша комичарот познат по револуционерни филмови како „Борат“. „Најголемите платформи во светот го забранија најголемиот светски носител на лаги, заговори и омраза“.

„На секој вработен на Фејсбук и Твитер, корисник и заговорник кој се бореше за ова - целиот свет ви благодари!“ напиша Коен (49).

Откако приврзаниците на Трамп упаднаа во американскиот Капитол минатата среда со негово охрабрување, гигантите на социјалните мрежи решија да му забранат да објавува на нивните платформи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.