Потврдено оживувањето на „Сексот и градот“, но без Ким Катрал

„Ејч-би-о Макс“ ја потврди новата сезона на мегапопуларната ТВ-серија „Сексот и градот“.

Сара Џесика Паркер (во улога на Кери Бредшо), Синтија Никсон (Миранда Хобс) и Кристин Дејвис (Шарлот Јорк Голденблат) се пријавија за 10 епизоди под наслов And Just Like That...

Сара Џесика (55) го објави трејлерот на Инстаграм и напиша: „Не можам да не се запрашам ... каде ли се сега?“

And Just Like That... е фразата која Кери ќе ја кажува на почетокот на секоја епизода од хит-серијата, која за прв пат се емитуваше во 1998 година и траеше шест сезони до 2004 година.

Триото повторно ќе се дружи на малиот екран по долгометражниот филм од 2010 година, „Сексот и градот 2“, продолжение на оригиналниот филм од 2008 година.

Ликот на Ким Катрал, Саманта Џонс, го нема во трејлерот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.