Алекс Родригез покажува дека не му е гајле што поранешната свршеница има нова љубов

Алекс Родригез видно расположен и со широка насмевка кон папараците се упати на вечера во Њујорк, веројатно сакајќи да покаже дека добро му оди иако Џенифер Лопез ја обнови врската со Бен Афлек.

Алекс и Џенифер ја прекинаа свршувачката уште во април.

А сега тој покажа дека е расположен и лесно прилагодлив на сингл-живот додека вечераше сам во Њујорк во саботата.

45-годишниот поранешен бејзбол-играч беше забележан во раните вечерни часови во италијанско ресторан „Бар Пити“, додека неговата поранешна продолжува да ја разгорува романсата со поранешниот свршеник Бен Афлек.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.