Секој трет тендер се поништува, покажува најновиот Извештај за јавни набавки на фирмите

Центарот за граѓански комуникации го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите.

Од мониторингот на јавните набавки се покажало дека поништувањата на тендерите стигнале до 33 %, што според Центарот е највисоко ниво во последните неколку години. Најмногу поради немање понуди или поради неприфатливи понуди.

 

 

„Во пораст е отфрлањето на понудите на фирмите на тендерите поради проблеми со документацијата или со понудените предмети на набавка. Контролирани се само 1 % од тендерите во земјава и во секој петти контролиран тендер се пронајдени неправилности. Конкуренцијата кај локалните тендери останува значително пониска отколку кај тендерите на институциите на национално ниво. Во жалбената постапка се намалува уделот на уважени жалби од фирмите, а расте уделот на одбиени жалби“, известува Центарот за граѓански комуникации упатувајќи притоа на Извештајот од направениот мониторинг.

Од овогодишната анкета на фирмите проблем број еден во јавните набавки за 77 % од фирмите е најниската цена како критериум за избор на најповолната понуда.

„Дека фирмите се договараат на тендерите сметаат 60 % од испитаните фирми. 47 % од фирмите сметаат дека има корупција во јавните набавки. 47 % од фирмите не се жалат на тендерите поради недоверба во Државната комисија за жалби по јавни набавки“, покажува Извештајот.

Од Центрот за граѓански комуникации потенцираат дека фирмите процесот на јавни набавки во земјава го оцениле со просечна оценка од 2,8 (на скалата од 1 до 5), што е исто како лани.

„ Доминантни 60 % од фирмите велат дека корона-кризата влијаела негативно врз нивното учество на тендерите“, покажал мониторингот.

Истиот како што појаснуваат од Центарот за граѓански комуникации се спроведува во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност додаваат од таму е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.