Порано беше најсекси жена на светот, денес ја критикуваат за вишокот килограми , но среќна е

Поранешната манекенка и водителка Кели Брук (41) пред неколку години ја доби титулата за најсекси жена на светот, а сега гордо ги истакнува бујните облини што ги доби заедно со неколку килограми вишок.

Со оглед на тоа што на некои од нејзините фанови не им се допаѓа промената, Кели е апсолутно задоволна со своето тело и со задоволство позира на фотографии кои подоцна ги објавува на социјалните мрежи.

Фановите на поранешната манекенка и водителка веќе ѝ дадоа до знаење дека сметаат дека треба да поработи на себе и дека претходно изгледала многу подобро. Но, ваквите коментари очигледно не ја засегаат, со оглед на тоа што ретко одговара на какви било провокации.

Папараците неодамна ја уловија на пат кон работа. Таа позира со широка насмевка на лицето, а нејзината среќа најверојатно ѝ кумува новата позиција на работното место. Имено, Кели ќе биде новата водителка на утринската емисија на радиото „Харт“ (Radio Heart).

Да потсетиме, Кели неодамна зборуваше за тоа како се чувствува откако стана мета на хејтери на социјалните мрежи поради прекумерна тежина.

„Изгледам како нормален 40-годишник. Изгледам како што треба да изгледам, тоа не е нешто недостижно. Никогаш нема да го имам телото што го имав на 21 година, ниту пак сакам да бидам таа девојка,“ рече таа.

Откако целосно се прифати себеси и својот изглед, не мора да се грижи за непријатните коментари, бидејќи и комплиментите на социјалните мрежи се слеваат од сите страни.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.