Брендан Фрејзер ќе го глуми негативецот во „Бетгрл“

Брендан Фрејзер, актерот од акционата авантура „Џорџ од џунглата“, е избран за улогата на Фајрфлај, социопат кој сака пиротехника во претстојниот проект на „Ди-си“, иако конкретните детали за дејствието на филмот - чија премиера ќе биде на „Ејч-би-о макс“ следната година - остануваат непознати.

Кристина Ходсон го напиша сценариото, а Кристин Бур треба да биде продуцент.

Бројни ликови ја играа суперхероината во универзумот на Бетмен, но Барбара Гордон е најистакната меѓу нив, иако ликот дебитираше во стриповите како Бети Кејн во 1961 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.