Кристи Бринкли ги поздрави промените во модната индустрија

Кристи Бринкли откри дека нејзината ќерка Сејлор ја замолила да престане да го користи зборот гоење или дебелеење кога опишува храна.

Во ново интервју, Кристи (67) потенцира дека промените во мејнстрим медиумите влијаат на тоа како размислуваат младите.

 

 

Како ѕвезда на корицата на празничното издание на списанието Westlake Malibu Lifestyle, вечно младата манекенка спомнува дека нејзината ќерка Сејлор Бринкли (21) ја замолила да престане да го користи зборот „дебелее“.

„На пример, кога говорам за одредена храна дека дебелее, ќерка ми Сејлор ќе ми рече: мамо, те молам, не го употребувај тој збор. Има попозитивен начин да го кажеш тоа: таа храна не е здрава за мене или нема да ми ја обезбеди потребната енергија.“

Нејзината ќерка храбро призна дека во минатото страдала од нарушување во исхраната.

Кристи ги сподели своите размислувања за еволуцијата на модната индустрија, забележувајќи: „Младите жени купуваа модни списанија и се чувствуваа ужасно бидејќи сите модели беа тенки како трска и не личеа на девојките што ги читаа списанијата“.

„А сега, кога отворате моден магазин, гледате луѓе од различни возрасти, етникуми и облици - и таа застапеност е толку важна“.

Таа посочи на личен пример за да нагласи дека, како резултат на промените, младите генерации се посвесни за штетниот јазик.

„Важно е да престанеме да се споредуваме со другите жени. Секој е уникатен. Исто така, важно е како општество да престанеме да ги осудуваме луѓето и да престанеме да користиме зборови натопени во негативност,“ додаде таа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.