(Аудио) Џенифер Лопез сподели пијано балада, музика од новиот филм

Џенифер Лопез во четвртокот објави пијано балада On My Way, која се наоѓа на саундтракот за претстојната романтична комедија „Омажи се за мене“ (Marry me).

Баладата, која може да се слушне на нејзиниот канал на Јутјуб, е за пронаоѓање сродна душа по скршено срце и погрешно свртување.

 

 

„Бев на пат кон тебе / Секоја капка солза беше толку тешка / Боли како пекол, но небото те испрати / бев на пат кон тебе“, пее латино ѕвездата (52).

Филмот Marry Me ја следи приказната за две музички ѕвезди кои треба да се венчаат на сцената пред милионска публика, но неколку моменти пред да го каже нејзиниот завет невестата дознава дека тој бил неверен, и таа решава да се омажи за друг. Всушност, таа решава да се мажи за непознат од публиката кој без да знае држи транспарент со натпис „Омажи се за мене“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.