Меган Маркл на интервју кај Елен Деџенерес: Многу сме среќни

Меган, војвотката од Сасекс, откри дека таа и принцот Хари се среќни што живеат во Калифорнија, во текот на гостувањето кај Елен Деџенерис.

Меган (40) седна со водителката на телевизиското ток-шоу осум месеци откако таа и принцот Хари ѝ беа гости на Опра Винфри, интервју што предизвика шок во кралското семејство.

 

 

Таа сподели дека на принцот Хари му се допаѓа стилот на живеење во Калифорнија, а и климата.

Двојката, која се пресели во САД откако објави дека се повлекува од должностите во кралското семејство, досега беше многу приватна за нивните деца, Арчи и Лилибет.

Тие допрва ќе споделат фотографија од нивната ќерка, која наполни пет месеци, а чие име е всушност прекарот на кралицата.

„Арчи сака да ѝ биде голем брат на Лили“, рече таа во разговорот со Елен, додавајќи дека тој многу сака да игра.

„Некој ми кажа дека кога имаш едно дете тоа е хоби, а две деца е родителство.“

На крајот таа говореше за својата страст за готвење и откри дека ќе подготви гозба по повод Денот на благодарноста.

„Сакам да готвам и сакам ад правам колачи. Ќе бидеме дома, ќе се опуштиме. Тоа е нашиот втор Ден на благодарноста во Калифорнија, така што ќе биде убаво.“





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.