„Брит авордс“ ќе воведе родово неутрална категорија

Британските награди за поп-музика (или поедноставно само „Бритс“) од в година ќе се ослободат од своите женски и машки категории со воведување родово неутрални награди за локални и меѓународни уметници, објавија организаторите во понеделникот.

Изведувачите сега ќе бидат во трка за уметник на годината или меѓународен уметник на годината на годишната церемонија, која ќе се одржи на 8 февруари 2022 година.

 

 

„Важно е ‘Бритс’ да продолжи да се развива и да се стреми да бидат што е можно поинклузивни“, се наведува во соопштението на новиот претседател на ‘Брит авордс’ и копретседател на ‘Полидор рекордс’ (Polydor Records), Том Марч.

„Се чини дека е вистинско време да се прослават достигнувањата на уметниците за музиката што ја создаваат и работата што ја работат, без разлика на полот“, додава тој.

Британците ги следат стапките на други наградни шоуа или настани што ја отстранија родовата класификација.

Во септември филмскиот фестивал во Сан Себастијан им ја додели својата прва родово неутрална актерска награда за најдобра главна улога на заедничките победнички Џесика Честејн и Флора Офелија Хофман Линдал.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.