
Би-би-си одговара на тврдењата против документарецот „Принцовите и печатот“
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 24 Ноември 2021

„Би-би-си“ застана во одбрана на својот документарен филм за односот меѓу принцовите Хари и Вилијам и новинарите од печатените медиуми.
Бакингемската палата, Кенсингтонската палата и Кларенс Хаус соопштија дека програмата The Princes and the Press („Принцовите и печатот“) изнела „пренадуени и неосновани тврдења“.
Во нивната реакција се наведува дека е „разочарувачки“ да се даде кредибилитет на таквите тврдења.
Но, „Би-би-си“ тврди дека програмата е „за тоа како се прави кралско новинарство и вклучува низа новинари од телевизиската и новинската индустрија“.
Првата епизода од документарниот филм во два дела ја испитува врската помеѓу медиумите и војводата од Кембриџ и војводата од Сасекс.
Првиот дел од документарецот ја анализира тензијата со која се соочуваа двајцата членови на кралското семејство помеѓу придобивките од публицитетот и лошите страни на упадот во приватноста - и како тие се обидуваа да се справат со печатот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
