Гитара на Ерик Клептон продадена за 625.000 долари на аукција
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 25 Ноември 2021
Еден среќен фан сега поседува дел од историјата на рокенролот со гитарата на Ерик Клептон од дебито на сцената со „Дерек и Доминос“, која се продаде за неверојатни 625.000 долари.
Акустичната гитара „мартин Д-45“ од 1968 година првично се очекуваше да достигне цена помеѓу 300.000 и 500.000 долари од аукциската куќа „Џулиенс“ на дводневната аукција Icons & Idols: Rock & Roll, одржана во Лос Анџелес минатиот викенд.
Акустичната гитара на Клептон заврши како најскапа ставка на аукцијата, а продажбата на целата аукција надмина 5 милиони долари.
Рок-легендата свиреше на истата гитара за време на својот прв настап во живо со тогашниот негов бенд „Дерек и Доминос“ во театарот „Лицеум“ во Лондон на 14 јуни 1970 година.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс