Оружарката на филмот на Болдвин го тужи добавувачот на реквизити

Лицето задолжено за оружје што се користеше во текот на снимањето на Rust покрена тужба против добавувачот на реквизити, тврдејќи дека неговата компанија на сетот дистрибуирала „мешавина од лажна и боева муниција“.

Снимателката Халина Хачинс беше смртно застрелана минатата година кога Алек Болдвин испука пиштол за време на проба, откако му било кажано дека оружјето е безбедно.

 

 

А сега, оружарката Хана Гутиерез-Рид бара неодредена отштета од Сет Кени и PDQ Arm and Prop LLC.

Кени сè уште не ја коментарал веста за тужбата. Но, во декември, тој изјави за „Добро утро, Америка“: „Не е можно вистински куршуми да дојдат од PDQ или од мене лично“.

Актерот и еден од продуцентите на вестернот, Болдвин, беше дециден дека не го повлекол орозот. Во интервју за „Еј-би-си њус“ во декември тој рече: „Никогаш не би вперил пиштол кон никого и не би го повлекол орозот, никогаш“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.