Канје Вест осомничен во истрага за физички напад

Канје Вест е именуван како осомничен во истрага за наводен физички напад.

44-годишниот рапер, кој законски го промени своето име во Је во 2021 година, наводно,  удрил фан пред складиштето Сохо во Лос Анџелес во раните утрински часови во средата (13 јануари).

 

 

Канје се скарал пред ноќен клуб со дозволен пристап само за членови, откако еден фан му побарал автограм.

Извор за „Фокс 11“ тврди  дека Канје седел во својот автомобил кога му пришол непознат човек. Раперот, наводно, излегол од своето возило, разменил навреди со него и го соборил на земја со тупаница.

Полицијата потоа била повикана на местото на настанот, но Канје веќе заминал додека тие пристигнале.

Некои медиуми пренесоа дека фанот - кој одбил медицинска помош - ја снимил расправијата на својот телефон. Сепак, полицијата допрва треба да разговара со хитмејкерот.

Во меѓувреме, Канје неодамна започна врска со актерката Џулија Фокс, по разводот од Ким Кардашијан Вест минатата година. Инсајдер тврди дека рап-ѕвездата едноставно се обидува да ѝ влезе под кожа на Ким со својата нова романса.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.