Нил Јанг го предупреди „Спотифај“ да не стримува негова музика додека трае подкастот на Џо Роган

Нил Јанг се закани дека ќе ја повлече својата музика од стриминг-платформата „Спотифај“ во знак на протест поради нивната врска со подкастерот Џо Роган, кого канадскиот музичар го обвинува за ширење дезинформации за Ковид-19, пренесоа странски медиуми во вторникот.

Пејачот-текстописец, кој преживеал полио како дете, накратко постираше писмо на својата веб-страница упатено до својот менаџер и издавачката куќа „Ворнер мјузик груп“ барајќи „Спотифај“ повеќе да не стримува негова музика. Писмото подоцна беше избришано.

 

 

„Сакам веднаш денес да им кажете на Spotify дека ја сакам целата моја музика надвор од нивната платформа. ... Може да го имаат или Роган или Јанг. Не и двајцата“, напиша Јанг во писмото, пренесува „Волстрит журнал“.

„Ова го правам затоа што Spotify шири лажни информации за вакцините - потенцијално предизвикувајќи смрт на оние кои веруваат во таквите дезинформации“, го цитира весникот Јанг (76).

Роган е водител на The Joe Rogan Experience, најдобро оценет подкаст на „Спотифај“, кој има ексклузивни права на програмата.

Од вторникот, музиката на Јанг, вклучувајќи песни како Heart Of Gold, Rocking In The Free World и Old Man, сè уште беше достапна на услугата, како и подкастот на Роган.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.