Откриена причината зошто некои сцени со Амбер Херд сe исфрлени од новиот „Аквамен“

Судската битка на Амбер Херд со Џони Деп воопшто не ѝ помага на нејзината кариера. По појавувањето во „Лига на правдата“ во 2017 година, а потоа го сними и хитот „Аквамен“, нејзината кариера сега стагнира.

Амбер е свесна за лошиот период во кариерата и тоа го потврди во сведочењето пред судот минатата недела.

Медиумите објавија дека некои нејзини сцени се отфрлени од продолжението на „Аквамен“, кое треба да излезе в година.

Главната улога ја има Џејсон Момоа, а Амбер беше веднаш покрај него. Но, според претставници на студиото „Ворнер брос“, тие драстично ги намалиле сцените со Амбер, а одлуката ја правдаат со тоа што меѓу Амбер и Џејсон нема никаква хемија иако тие глумат пар.

Многумина сметаат и дека студиото само се правда со наведената причина и дека главна причина е петицијата. Имено, на веб-страницата Change.org се собрани над 4,3 милиони потписи против Амбер. Со оваа петиција луѓето бараат Амбер да биде исфрлена од новиот „Аквамен“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.