Хали Бери го одбележа Националниот ден на розе вино

Хали Бери се огласи на Инстаграм во саботата за да сподели нова објава за своите 7,9 милиони следачи по повод Националниот ден на розе виното.

На фотографијата, 55-годишната холивудска ѕвезда чекори покрај брегот во црн костим за капење и проѕирна црна наметка со долги ракави.

Во описот на објавата, таа напиша „вино од облаци“ и го додаде хаштагот „#nationalroseday“.

Националниот ден на розово вино во САД се одбележува секоја година во втората сабота од јуни и се слави со многу радост.

Овие вина се произведуваат претежно од црвено грозје и се исклучително разновидни. Розовото вино е посветло од црвеното и потемно од белото вино.

Бојата на ова вино варира, почнувајќи од бледи, едвај забележливи нијанси до интензивна темна боја, блиску до светлоцрвената боја.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.