Сопиште

Подобрен водоводниот притисок во високата зона во Сопиште

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека е подобрен водоводниот притисок во високата зона во Сопиште, со изведба на нова водоводна линија, односно довод со дијаметар на цевка од 100мм.

 

„Имајќи ги предвид барањата и потребите на граѓаните, екипи на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во текот на оваа недела работеа на изведба на нов дополнителен довод со дијаметар на цевка од 100мм. Активностите се изведуваа на ул. 1 на крстосницата Ракотинци кон Соње во село Сопиште.

 

Со изведбата на новата водоводна линија се создадоа услови за подобрување на квалитетот на водоснабдувањето и довод на поголемо количество на вода за корисниците во овој дел“ – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.