Лео Меси направи голем чекор за враќање во Барселона

Аргентинскиот ас Лионел Меси донел одлука да се врати на „Камп Ноу“ по две години поминати во дресот на ПСЖ. Тој го направил и првиот конкретен чекор за реализација на овој трансфер. Како што објави „Радио Каталуња“, тој го испратил неговиот татко Хорхе Меси, кој му е и агент, да закаже состанок со претседателот на Барса, Жоан Лапорта.

„Потврдено! Враќањето на Лео Меси во Барса е повторно активна приказна. Лео побарал од својот татко, кој му е менаџер да закаже состанок со Жоан Лапорта и сѐ е веќе договорено. На состанокот ќе се решаваат деталите за кам-бекот и потписот на договорот“, објави „Радио Каталуња“.

Барселона има проблеми со финансиите, но, сепак, има и начин да го врати Лео Меси. Може да го регистрира како фудбалер кој би добивал мининална плата, а потоа целиот приход од организација на проштален меч, кога Меси ќе реши да ја заврши кариерата, да одат на негова сметка. Се претпоставува дека сумата од заработката би била поголема од 100 милиони евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.