
Првиот коментар на Кремљ откако Зеленски се согласи на преговори со Путин
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 12 Мај 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа се согласи на директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин.
„Нема смисла убиствата да продолжат. И ќе го чекам Путин во Турција во четврток. Лично. Се надевам дека овој пат Русите нема да бараат изговори“, напиша Зеленски, кој повторно спомена дека чека „целосен и траен прекин на огнот“ што почнува денес.
Украинскиот претседател ја даде оваа изјава откако американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ѝ порача на Украина „веднаш да се согласи“ на разговори бидејќи по нив Западот „барем ќе знае каде стои“, иако самиот изјави дека „почнува да се сомнева“ дека е можен договор со Путин.
„Општо земено, ние сме посветени на сериозна потрага по начини за постигнување долгорочно мирно решение“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Моментално нема потврда дека Путин ќе се појави на разговорите во четврток, но Песков потсети дека Путин „во изјавата во која ги сумираше резултатите од прославата во чест на 80-годишнината од Победата и бројните средби со странски колеги, јасно и недвосмислено го искажа ставот на Москва за продолжување на директните преговори со Киев без никакви предуслови“, анализираат светските медиуми.
„Овој пристап наиде на разбирање и поддршка од лидерите на многу земји, вклучително и партнерите во ЗНД и БРИКС“, додаде Песков.
Тој истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, го повикал Киев веднаш и без никакви услови да учествува на предложениот состанок.
Турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, исто така, ја потврди својата подготвеност да стори сè за да организира преговори во телефонски разговор со Путин, додаде Песков.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
