Фергусон и Венгер во Куќата на славните во Премиер лигата

Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер беа големи ривали во Премиерлигата и оставија огромен белег во развојот на англиската фудбалска лига. Во изминатите 30 години тие освоија вкупно 16 шампионски трофеи (13 Фергусон, 3 Венгер), па оттаму и апсолутно заслужен е нивниот избор во Куќата на славните на Премиерлигата како први двајца менаџери.

Тие од денеска и официјално се дел од “бесмртните” во Премиерлигата.

Фергусон се повлече во 2013 година, а Венгер остана на кормилото на Арсенал до 2018 година, полни 22 години.

Се очекува следни тренерски имиња во Куќата на славните да бидат и Пеп Гвардиола, Јирген Клоп и Жозе Мурињо.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.