Сабаленка се огласи по трагедијата: Раскинавме пред неговата смрт

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка првпат се огласи во јавноста по смртта на своето момче Константин Колцов.

Поранешниот белоруски хокеар почина во вторникотна 42-годишна возраст во сè уште неразјаснети околности.

Локалните медиуми најпрвин објавија дека се работи за самоубиство и дека Колцов скокнал од балконот, но сè уште не е исклучено дека се работи за несреќа.

Шок за јавноста претствува информацијата дека неколку дена пред смртта на Колцов, Сабаленка ја раскинала врската.

„Смртта на Константин е незамислива трагедија и покрај тоа што повеќе не бевме во врска, срцето ми е скршено. Ве молиме, почитувајте ја мојата приватност и приватноста на неговото семејство во овие тешки моменти“, напиша Сабаленка на „Инстаграм“.

И покрај трагедијата, втората тенисерка во светот реши да учествува на турнирот во Мајами.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.